Хидрантите „Глобал„ не работеле потврдуваат пожарникарите кои го гасеа огнот

пред 3 години

Неколку тимови на пожарните единици од Струмица и од околните градови ноќеска се бореа со пожарот кој го зафати трговскиот центар Глобал. Големиот оган кој го уништи објектот не бил единствениот проблем со кој се соочиле пожарникарите.

Хидрантите во објектот не биле во фuнкција. Не работел ниту еден, односно во нив немало вода. За ова има потврда од пожарникарите. Информацијата ја објави струмичката ТВ ВИС.

Иста била ситуацијата и со хидрантите во градот. Нивните вентили не се компатибилни со опремата и стандардите на приклучокот кој го користаст пожарникарите во Струмица. Во ваква ситуација пожарникарите се принудени да се враќаат до пожарната и да полнат вода што драстично им ја забавува работата.

Според инфoрмациите од пожарната служба, пожарот избувнал задниот дел од објектот. И покрај тоа што огнот е изгаснат утрово, во трговскиот центар дежураат пожарникари бидејќи објектот не е безбеден и ќе мора да се внимава уште некој ден.

Во пожарот комплетно се уништени десетина дуќани, зафатен е и делот во кој се сместени тезгите од зелениот пазар.

Scroll to Top