Пожар во кујната во затворот „Идризово“

пред 3 години

Вработен во Казнено поправната установа „Затвор Идризово“ вчера пријавил дека настанал пожар во затворската кујна.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во пожарот со повреди се здобил Ј.Б., вработен во затворот, кој бил пренесен во поликлиника „Ченто“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот.

Scroll to Top