Двајца затвореници го силувале „цимерот“ во ќелија во „Идризово“

пред 3 години

Затвореник од Велес пријавил во полиција дека бил силуван од негов „цимер“ во ќелијата во затворот „Идризово“ околу полноќ изминатата ноќ, а во нападот му помогнал третиот затвореник со кој ја делел ќелијата соопшти МВР.

„На 09.05.2021 во 16.05 часот 33-годишен затвореник од Велес пријавил дека на 27.04.2021, околу полноќ, во Казнено-поправната установа „Идризово“, со помош на Д.П.(27) од Скопје, Р.Е.(36) од Битола (исто така затвореници) извршил обљуба врз него“, велат од полицијата во соопштение. Според пријавеното, тој бил сместен во иста ќелија со сторителите.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на сексуалниот напад.

Scroll to Top