Полицаец застрелан во Ѓорче, во него пукал напаѓач од „Голф“ во движење

пред 3 години

Попладнево кај кружниот тек во близина на црквата Свети Петар и Павле населбата Ѓорче Петров се случи пукање, во кое според Министерството за внатрешни работи, полицаец бил застрелан во ногата, по што е пренесен во болница.

„Околу 16,40 часот пријавено е дека во Скопје,на кружниот тек во населба Ѓорче Петров кај црквата Св. Петар и Павле, лице од возило „Голф“, пукало кон возило “Мерцедес”, во кое бил полицискиот службеник З.Р.“, соопшти МВР.

„Според првичните информации З.Р. се здобил со повреди во ногата и се упатил во ГОБ „8-ми Септември” за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во полициското соопштение.

Scroll to Top