Почина Борис Џепароски, уметникот од Охрид што создаваше дела од дрво со моторна пила

пред 4 години

На 47 години во Германија каде и живееше почина охриѓанецот Борис Џепароски, познат во јавноста како необичен самоук уметник кој со моторна пила создаваше уметнички дела од дрво.

Кај нас најпознат беше по прекрасната дрвена скулптура на „Св. Наум Охридски“ што во 2006 година ја донираше на манастирот и беше поставена пред самиот влез во комплексот, но и по гитарата од камен што стои покрај вечното почивалиште на Тоше Проески.

Веста за ненадејната смрт на Џепароски силно ги преплави социјалните мрежи со пораки на сочувство.

Scroll to Top