Почина поранешниот кошаркараки селектор Марјан Лазовски

пред 3 години

Поранешниот селектор на македонската машка и женска кошаркарска репрезентација, Марјан Лазовски почина денеска на 58-годишна возраст од последици од коронавирусот. Во изминатиот период беше сместен на Клиниката за инфективни болести.

Марјан Лазовски беше долгогодишен кошаркар на Вардар, МЗТ Скопје. Кариерата како тренер ја започна во „неговиот“ Вардар, долги години беше и асистент во стручниот штаб на македонската репрезентација. Во 2012 година беше назначен за селектор на машката рептрезентација на Македонија, а од 2017 до 2019 година беше и селектор на нашите најдобри кошаркарки.

Лазвовски покрај тоа беше и тренер на МЗТ Скопје, Амак СП, Пелистер, Торус и Работнички.

Scroll to Top