Почина поранешниот заменик-министер за образование и пратеник Тале Герамитчиоски

пред 3 години

На 59-годишна возраст синоќа почина поранешниот заменик-министер за образование и пратеник од редовите на СДСМ, професор Тале Герамитчиоски.

– Тале ќе недостига во неговиот Прилеп, во универзитетската област во регионот и во државата, во Битола, на неговите студенти, на сите нас кои го познававме и соработувавме со него, напиша министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил соопштувајќи ја веста за смртта на Герамитчиоски.

Функцијата заменик-министер за образование, Герамитчиоски ја извршуваше од периодот 2002-2006 година, а од 2006 до 2008 година беше дел од законодавниот дом. Тој беше професор на Техничкиот факултет на Универзитетот во Битола.

Scroll to Top