По Советот за безбедност, се очекува одлуката за нови рестрикции

пред 3 години

До крајот на неделата можно е да се донесат нови рестриктивни мерки, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, најави владиниот портпарол Муамет Хоџа. Засега не се дискутирало за прогласување на вонредна состојба, но и таа опција е отворена откако седница ќе одржи Советот за безбедност.

„Сите опции за справување со Ковид-19 се отворени. На вчерашната владина седница не се дискутираше конкретно за прогласување на вонредна состојба, но се очекува седница да одржи прво Советот за безбедност кај претседателот Пендаровски. Не се исклучува до крајот на неделата Владата да одржи седница каде би донела други мерки за справување со ковид-пандемијата“, рече владиниот портпарол Муамет Хоџа.

Утре ќе се одржи седница на Советот за безбедност кај претседателот Пендаровски. Покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

Scroll to Top