Прегазено дете на Партизанска, возачот побегнал

пред 3 години

Синоќа во 20 часот на булеварот Партизански одреди во Скопје возило „ауди“ удри во 15 годишен пешак од Скопје.

Од МВР информираат дека возачот побегнал по несреќата.

„Пешакот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот извршен е увид од СВР Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Scroll to Top