Предлог закони од социјалната сфера на 17-та седница на Владата

пред 4 години

Владата на Република Северна Македонија, денеска, преку видео-конференциска интернет комуникација ќе ја одржи редовната 17-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата Програма за работа и од интерес на граѓаните.

Како што соопшти владината прес-служба, на седницата е предвидено да бидат разгледани и повеќе предлог-закони од областа на социјалната заштита на предлог на Министерството за труд и социјална политика.

На седницата, која е закажана со почеток во 12:00 часот, на дневен ред, меѓу другото за разгледување се и Предлогот за изменување и дополнување на Програма за конкурентност, иновации и претприемништво за 2020 година, како и Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година.

За заклучоците и донесените одлуки на денешната седница, на Владата, јавноста ќе биде информирана преку соопштение, наведуваат од владината прес служба.

Scroll to Top