Преку нашинец во Швајцарија, прилепската болница доби донација во респиратори-вентилатори

пред 3 години

Прилепската болница доби швајцарска донација од 20 респиратори-вентилатори, многу битни во лекувањето на ковид-пациентите, особено на тие со потешка клиничка слика. Донацијата е со помош на нашинец, Дејан Аџиоски, кој живее и работи во Швајцарија и поради неговото пријателство со швајцарската фирма за медицинска опрема БЦД „Микротехник“.

– Ова е многу значајна донација за пациентите со потешка клиничка слика, а ќе се користи и по пандемијата, главно, на интерното одделение, вели директорот на прилепската градска болница „Борка Талески“, Драган Богојески.

-Со овие респиратори ќе им обезбедиме доволен внес на кислород и подобрување на сатурацијата на пациентите кои се лекуваат од Ковид-19. Апаратите соодветно ќе се распределат на сите ковид-оддели за пациентите со потешка клиничка слика, изјави Богојески.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски е благодарен на донацијата, која е прва во земјава од оваа швајцарска фирма. При денешната видео комуникација со соптсвеникто на фирмата Седрих Пахут и со нашинецот Аџиоски, се заблагодари на донацијата и се надева на идна соработка.

– Ова е големо добротворно дело за Прилеп и за граѓаните. Опремата ќе им помогне на сите кои поминувата со Ковид-19, особено е битно зашто Прилеп е меѓу градовите со голем број случаи. Ова ќе го олесни лекувањето, рече Јованоски.

Scroll to Top