Преполовен е бројот на ковид-пациенти во струмичката болница, но заболените имаат потешка клиничка слика

пред 3 години

Преполовен е бројот на ковид-пациенти во струмичката болница, но тие што се на болничко лекување имаат потешка клиничка слика, информира директорот д-р Наќе Гогов.

Од вкупно 80 легла за пациенти заболени од коронавирусот во моментот се исполнети 20, а 22 пациенти се лекуваат во дневната болница, односно по примањето терапија продолжуваат со лекување во домашни услови.

– Состојбата е малку смирена во споредба со последните месеци од лани. Пациентите кои се примени на болничко лекување се со потешка клиничка слика. Порано бројот на пациенти беше поголем, но немаа толку тешка слика, рече директорот Гогов.

И покрај намалениот број на заразени, од болницата апелираат за доследно почитување на мерките за заштита за да не дојде до повторно ширење на болеста.

Инаку, заклучно со вчера во Струмичкиот регион се регистрирани 420 активни случаи на заразени од Ковид-19.

Scroll to Top