Премиера на швајцарскиот филм „Хронофобија“ во Кинотека

пред 4 години

Швајцарската драма „Хронофобија“, во режија на Франческо Рици вечер, во 21 часот, ќе биде премиерно прикажана во Кинотека. Во главните улоги се познатата швајцарска актерка Сабине Тимотео и италијанскиот актер Виничио Маркиони.

Станува збор за хроника на невозможна љубовна приказна. Филмот е победник на Филмскиот фестивал во Богота за најдобар филм и режија, победник на Дурбан Интернационалниот филмски фестивал за најдобра монтажа, победник за најдобра режија и сценарио на фестивалот „Макс Офулс“, специјална награда од жирито на Филмскиот фестивал „Блек најтс“ во Талин и многу други награди и номинации.

Филмот ќе се прикажува и во кината низ републиката со поддршка на „Свис Филмс“. Дистрибутер е КТ Филм и Медиа.

„Хронофобија“ требаше да има премиера на седми август, но поради пандемијата со Ковид-19 премиерата беше одложена за почеток на октомври.

Scroll to Top