Се намалува бројката на ковид-пациенти во болниците низ земјата

пред 3 години

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 984 и има околу 320 празни болнички кревети во ковидцентрите, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 598 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 40 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болни, а во Куманово 95 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 70, во ковид-центарот во Гостивар 39, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 53 пациент, во Кочани 18, во Кичево 18, Кавадарци 30, во Гевгелија 14 лица, а во Дебар 6 позитивни и суспектни на вирусот“, се наведува во соопштението во кое се додава дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Scroll to Top