Претседателот Пендаровски на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020“

пред 4 години

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Братислава ќе учествува на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020“, каде ќе има собраќање на тема „Западен Балкан по Ковид-19“. За време на работната посета на Братислава, предвидено е Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, да оствари билатерална средба со Сузана Чапутова, претседателка на Словачката Република, Мирослав Лајчак специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за други прашања за Западен Балкан и Олга Стефанишина, заменик премиерка за европска и евроатлантска интеграција на Украина. Годинешниот форум „ГЛОБСЕК 2020“ се одржува под мотото „Заеднички да го излечиме светот – опоравување по целосното затворање“, а темите на дискусија се фокусирани на влијанието на кризата од Ковид-19 врз повеќе сфери од општествениот, економскиот, социјалниот и политичкиот живот, како и можностите за изнаоѓање одржливи решенија во периодот што следи. На конференцијата ќе учествуваат шефови на држави и влади, министри за надворешни работи, парламентарни делегации, претставници од бизнис заедницата, како и бројни претставници на влијателни меѓународни невладини и тинк-тенк организации од Европа и светот. Сесиите во рамки на ГЛОБСЕК можат да се проследат со пренос во живо преку  нивната веб-страница: https://www.globsec-week. globsec.org/bratislava-forum, стои во соопштението. Текстот Претседателот Пендаровски на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020“ е превземен од А1он .

Scroll to Top