Приведени албански државјани кои ги нападнале полицајците на граничниот премин „Ќафасан“

пред 3 години

Двајца албански државјани вчера ги нападнале полицијаците на граничниот премин „Ќафасан“ откако при граничната проверка било констарирано дека едниот од нив дал неточни податоци за престојот во државава. Двете лица на возраст од 24 и од 29 години се спорведени во судот за понатамошна постапка.

„На 09.04.2021 во 13.15 часот на Граничен премин „Ќафасан“ од полициски службеници биле приведени Х.Б.(29) и Г.Б.(24), двајцата од Р.Албанија, бидејќи при граничната проверка Г.Б. дал неточни податоци за неговата цел на патување и престојот во државата, а потоа двајцата пријавени се однесувале агресивно и физички ги нападнале полициските службеници. Лицата по насоки од судија од Основен суд Струга се спроведени во судот за понатамошна постапка“ – се вели во известувањето од Министерството за внатрешни работи.

Scroll to Top