Приведени двајца разбојници, расчистени пет разбојништва и тешки кражби

пред 4 години

Вчера околу 19.30 часот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Карпош привеле двајца разбојници 22-годишниот А.И. и 17-годишниот Д.К. од Скопје. Двајцата непосредно пред приведувањето се обиделе да украдат пари од маркет на булеварот „Партизански одреди“. Веднаш по добиената пријава, лицата се пронајдени и приведени од полициски службеници од ОКР Карпош, информира Министерството за внатрешни работи. Досега, како што стои во соопштението на МВР, е документирано дека лицата се сторители на пет кривични дела – разбојништва во обложувалници, како и тешки кражби во цркви и маркети. Текстот Приведени двајца разбојници, расчистени пет разбојништва и тешки кражби е превземен од А1он .

Scroll to Top