Приведен крадец од скопско, расчистени четири тешки кражби

пред 3 години

Полицијата расчисти вкупно четири тешки кражби извршени во викенд куќи на подрачјето на Петровец, откако вчера во 10:50 часот полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба на место викано Дрма, атар на село Мралино, го лишиле од слобода 37-годишниот Ф.А. од скопското село Јурумлери, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ извршена во викенд куќа.

– Кај Ф.А., кој првично се претставил како косовски државјанин М.А., биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, кои биле вратени на оштетениот. По преземни мерки и активности утврден е идентитетот на пријавениот и расчистени се вкупно четири кривични дела тешки кражби извршени во викенд куќи на подрачјето на Петровец, информираат од МВР.

Лицето Ф.А. е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

Scroll to Top