Приведени две лица кои дилале дрога од изнајмен стан во скопски Центар

пред 3 години

Во вечерните часови на 17 февруари, од страна на Одделот за криминалистичка полиција, во координација со Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, уапсени биле А.С. (25) и М.К. (20), поради сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Како што информираат од МВР, по претходно добиена судска наредба, полицајци извршиле претрес во стан на подрачјето на Центар, каде привремено престојувале двете лица, при што биле пронајдени марихуана, дигитална вага и парични средства.

Двајцата уапсени се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени пријави.

Scroll to Top