Приведени три лица кои се сомничат за дрога

пред 3 години

Три лица, од кои двајца од Скопје и еден од Бугарија, се приведени синоќа под сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека приведени се Е.И.(26), А.Д.(27) од Скопје и Р.И.О.(30) од Бугарија кои се сомничат за инволвираност во случајот со пронајдените две вреќи со марихуана на локален пат над тетовското село Камeњане на 4 мај.

Тие се задржани во Полициската станица во Тетово и денеска со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Scroll to Top