Приведени тројца крадци во Кисела Вода

пред 3 години

Полицијата приведе три лица осомничени за кражби во Кисела Вода.

Вчера бил приведен В.З.(20) од Скопје, поради сомнение дека на 16.11.2020 извршил тешка кражба во обид во склад на бул. „Борис Трајковски“. Тој бил приведен во Полициската станица Кисела Вода и во разговор со полициски службеници го признал делото.

Вчера биле приведени и Е.У.(34) и Р.У.(47), двајцата од Скопје, поради сомнение дека извршиле „кражба“ во куќа на ул.„1439“ во Скопје. Тие биле приведени во Полициската станица Кисела Вода и во разговор со полициски службеници го признале делото.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top