Приведени 97 странски градежници, кои нелегално работеле во Скопје

пред 3 години

Полицијата откри 97 странски градежни работници кои непријавени работат на објекти на фирма од Турција, што се наоѓа зад „Рамстор“.

Градежниот објект се наоѓа помеѓу бул.„Кирил и Методиј“ и ул.„Јордан Мијалков“, а било утврдено и дека работниците незаконски престојуваат во земјава.

Тие биле приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Исто така, соодветни пријави ќе бидат поднесени против фирмата и против 15 други фирми-подизведувачи.

Scroll to Top