Приведено едно лице од Кичево кое агресивно се однесувало кон полицијата

пред 4 години

Полициски службеници од полициската станица во Кичево вчера од слобода го лишија З.С.(49) од Кичево затоа што се однесувал агресивно и попречувал полициски службеници во вршење службена дејност, откако претходно го нарушил јавниот ред и мир во селото Другово.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, З.С. е приведен и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top