Расчистена кражба во Скопје, приведено едно лице

пред 3 години

Полициски службеници вчера привеле лице од Скопје поради сомнение дека одзел паричник со пари на друго лице, соопшти МВР.

– Вчера во 16:00 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Т.В.(37) од Скопје поради сомнение дека на 11.11.2020 година од лицето В.М.(40) одзел паричник со пари. Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото, се наведува во соопштението на Министертсвото.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top