Приведен гостиварец кој на бензиска пумпа плаќал со фалсификувани пари

пред 3 години

Дваесетгодишнк од гостиварско Неготино синоќа бил приведен поради сомнение за фалсификувани пари.

Тој истата вечер околу 20.40 часот на бензинска пумпа на излезот од Гостивар при наплата употребил фалсификувана банкнота од 100 евра, а случајот во 21.55. часот во СВР Тетово го пријавил С.Р.(46) од Гостивар, велат од МВР.

Се работи на документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Scroll to Top