Приведен малолетник за неколку тешки кражби

пред 3 години

Малолетник од Скопје вчера бил приведен поради извршување на неколку тешки кражби.

Првата кражба е пријавена на 30 јануари во маркет во селото Горно Оризари, скопско од каде се одземени пари и продукти, информираат од полицијата.

Втората кражба е пријавена следниот ден, во објект во село Горно Оризари, скопско, сопственост на С.В., од каде биле одземени пари.

Третата тешка кражба е извршена во Основното училиште “Браќа Рамиз и Хамид” во населба Шуто Оризари од каде бил одземен алат.

Известен е Јавен обвинител за малолетници и по документирање на случаите ќе следат соодветни поднесоци.

Scroll to Top