Приведен радовишанецот кој возеше на плоштад и се пофали на „Тикток“

пред 3 години

Приведен е радовишанецот кој реши да биде популарен на апикацијата Тикток и на социјалните мрежи со влетување со автомобил БМВ на градскиот плоштад. „Подвигот“ го сподели на Тикток и влезе во групата несовесни возачи кои се фалат на оваа апликација.

„Во врска со случајот пренесен преку видео снимка објавена на социјалната мрежа „Тик-Ток”, во која едно лице влегува на плоштадот со своето патничко возило „БМВ“, полициски службеници од ОВР Радовиш денеска (03.01.2021) во 15.00 часот во полициска станица Радовиш го приведоа Т.К.(24) од Радовиш, кој бил идентификуван како возач на патничкото возило од снимката“ – информираат од МВР.

Пред извесен период жител на Арачиново со Бентли возеше низ плоштадот, ден два подоцна скопјанец со Опел Астра се возеше преку Камен Мост. Вчера се појави видео од двајца возрасни мажи кои учеа дете да пука со пиштол. Сите објавија видеа на Тикток.

Scroll to Top