Приведени лица во тетовско, поради непочитување на работното време на угостителски објекти

пред 3 години

Приведени се четири лица во тетовско за непостапување според здравствени прописи и агресивно однесување, односно тројца од нив како одговорни лица на угостителски објекти и казино работеле по дозволеното време и во нив престојувале гости.

Од МВР соопштија дека полицијата вчера еден час пред новата година и два часа по полноќ спровеле акциска контрола во угостителски објект и казино во село Жеровјане, тетовско, кои работеле по дозволеното време.

-Од слобода биле лишени А.А.(30) од с.Боговиње, тетовско, и Б.П.(29) од Тетово, одговорни лица во објектите. Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка и ќе им бидат изготвени записници по чл.206 од Кривичниот законик, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Исто така, во објектот бил приведен и Б.К.(50) од с.Форино, гостиварско, поради агресивно однесување и непостапување по наредба на полициски службеник. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информираат од МВР.

Вчера десет минути пред полноќ, приведен бил и Ф.А.(57) од село Порој, тетовско, сопственик на угостителски објект на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, кој работел по дозволеното време и во кој престојувале неколку гости. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Scroll to Top