Притовор за лицата кои од банкомат во Гостивар украле 1,8 милиони денари, двајца се во бегство

пред 3 години

Пет лица се осомничени за тешката кражба врз банкоматот во Гостивар што се случи на почетокот на минатиот месец, кога беа одземени беа 1.800.000 денари.

Од Обвинителството информираат дека осомничените – четворица македонски државјани и една државјанка на Република Албанија, се здружиле и на 1 декември со кршење и провалување, украле пари од банкомат сопственост на една деловна банка, поставен во мега-маркет на улицата Илинденска во Гостивар.

Надлежниот јавен обвинител за четворица осомничени до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар достави предлог за определување мерка притвор оде 30 дена.

Еден од осомничените веќе се наоѓа во притвор, бидејќи му е поведена постапка за слично кривично дело извршено во Кичево, уште еден е притворен, додека за првоосомничениот и петтоосомничената, кои се во бегство, притворот ќе започне да се применува по нивното пронаоѓање и приведување, информираат од Обвинителството.

 

Scroll to Top