Пријавени три тепачки во Шуто Оризари

пред 4 години

До полицијата стигнале пријави за три подеинечни инциденти на територијата на Шуто Оризари во текот на вчерашниот ден.

Вчера во 14 часот Е.И. пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари откако застанал со неговото возило, Д.М. го нападнал со стаклен предмет.

Во вториот случај, М.С.(36) од Скопје пријавил дека неговиот син бил физички нападнат од С.И.(26) во скопската населба.

Синоќа на подрачјето на Шуто Оризари имало и нарушен јавен ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.М.(21) од Скопје и од друга страна С.У.(33) и А.К.(38), информираат од полицијата во дневниот билтен.

Scroll to Top