Промена на времето за почеток на Гала оперскиот концерт на Националната опера и балет

пред 4 години

Националната опера и балет известува дека Гала оперскиот концерт, настан во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“ закажан на 4 ноември, ќе започне во 19 наместо во 20.00 часот согласно новите мерки на Владата.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Задолжително е носење на заштитна маска.

Scroll to Top