Пронајдени 120 насади канабис во Демирхисарско

пред 3 години

Полицајци од полициската станица во Демир Хисар, вчера (10 мај) во демирхисарското село Боиште, во дворни места од напуштени и руинирани куќи, откриле 120 насади марихуана.

Како што информираат од МВР, на локациите бил извршен увид по овластвање на Јавен обвинител од Битола, при што стеблата и затекнатите предмети се подигнати за понатамошно вештачење.

 

 

*Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот настан
Scroll to Top