Пронајдено безживотно човечко тело во делчевско

пред 3 години

Кај место викано „Чачарата“, атар на с.Очипала, делчевско, вчера утрото од страна на полициски службеници од Полициската станица Делчево бил пронајден човечки труп.

Известен е Јавен обвинител, по чија насока трупот е предаден во Институтот за судска медицина во Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Scroll to Top