Работник тешко повреден на депонијата Дрисла

пред 3 години

45-годишен работник од скопско комунално претпријатие бил тешко повреден вчера на своето работно место на депонијата Дрисла, соопшти полицијата.

„На 10.05.2021 во 11.45 часот било пријавено дека во Дрисла, Б.Л.(45) од с.Морани, додека извршувал работни задачи како вработен во јавно комунално претпријатие, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза““, велат од МВР.

Полицајци од СВР Скопје излегле на местото на настанот, додаваат од полицијата.

Scroll to Top