Загинал работник во фирма од Чаир, тешко е повреден негов колега

пред 3 години

57-годишен работник во приватна фирма од скопската општина Чаир вчеравечер им подлегнал на повредите со кои се здобил на работното место, а негов помлад колега е тешко повреден, соопшти полицијата.

„На 06.05.2021 во 18.56 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во 18.00 часот кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Х.Х.(57) од Скопје, кој во 18.30 часот починал. Полициски службеници од Полициската станица Чаир извршиле разговор со Т.М.(24) од Горно Свиларе, кој заедно со Х.Х. бил донесен во болницата со тешки телесни повреди. Тој изјавил дека околу 17.30 часот, додека извршувале работни задачи во приватна фирма, тој и Х.Х. се здобиле со повреди“, се вели во полициското соопштение.

За настанот биле известени трудов инспектор и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција, додаваат од МВР.

Scroll to Top