Разбиена група крадци од Тетово

пред 4 години

Секторот за внатрешни работи Тетово расветли 12 „тешки кражби“ и две „тешки кражби во обид“ и до Основното јавно обвинителство Тетово вчера поднесе кривична пријава против четири лица од тетовско, соопшти МВР.

– До Основното јавно обвинителство Тетово поднесена е кривична пријава против Б.Ќ.(28), Ш.И.(28), Џ.Г.(49) и М.К.(35), четворицата од Тетово и О.М.(28) од тетовско Џепчиште. Б.Ќ., Ш.И. и О.М. се сомничат дека се сторители на кражбите, а М.К.(35) и Џ.К. за „прикривање“. Б.Ќ, О.М. и Ш.И. во периодот од 7-ми до 28-ми октомври годинава, насилно обивале колонијални продавници во Тетово, кршејќи ги бравите и катинарите од влезните врати и по пребарувањето одземале предмети и пари. М.К. и Џ.Г., пак, од нив ги купувале одземените производи, посочуваат од МВР.

Оттаму информираат дека вкупната материјална штета што пријавените ја предизвикале со извршените кривични дела се проценува на 74.600 денари.

Scroll to Top