Разбојник нападнал и ограбил жена во Кочани

пред 4 години

Вчера во 08.53 часот било пријавено дека на 06.11.2020 околу 22.00 часот во Кочани едно лице физички ја нападнало З.Ш.(58) од Кочани и ѝ одзело чанта со пари и мобилен телефон. З.Ш. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полициајта.

Scroll to Top