Уапсен разбојник од Стојаково кој ограбил казино во Гевгелија

пред 3 години

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека денеска во периодот од 10.30 до 12 часот е извршен претрес во куќата и помошните простории на И.А. во село Стојаково, по претходно издадена наредба од Основен суд Гевгелија.

– При претресот пронајдени се пари кои потекнуваат од кривично дело „разбојништво“ во казино од 28.01.2021, како и други предмети поврзани со кривичното дело. При претресот се пронајдени и растенија канабис. И.А. е лишен од слобода и задржан во ОВР Гевгелија, се вели во соопштението од полицијата.

По документирање на случајот ќе следува кривична пријава, додаваат од МВР.

Scroll to Top