Приведено лице од Скопје за издржување затворска казна

пред 3 години

Вчера вечер полициски службеници од ЕВР Чаир го лишиле од слобода 40-годишниот скопјанец Б.И. за издржување затворска казна од една година и шест месеци, информира МВР.

– На 19.03.2021 во 18:40 часот во Скопје, полициски службеници од ЕВР Чаир, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода и привеле Б.И.(40) од Скопје за издржување затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Scroll to Top