Ревакцинацијата за членките на Стопанската комора закажана на 19 и 20 јуни

пред 3 години

Повеќе од 2.000 стопанственици, членки на Стопанската комора на Северна Македонија, викендов во Србија се вакцинираа против Ковид-19.

Примија „АстраЗенека“ во спортската сала „Чаир“ во Ниш, а како што велат од Комората, ревакцинацијата им е закажана на 19 и 20 јуни 2021.

-Ова е прва ваква акција. Ја организиравме со поддршка на Стопанската комора на Србија во рамки на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), истакнуваат од Комората.

Според Стопанската комора се поминало во најдобар ред, а македонските стопанственици, и покрај големиот број граѓани кои вчера дошле непријавени за вакцинација, завршиле со имунизација до 20 часот.

-Во оваа прва акција практично овозможивме вакцинирање на членките кои се дел од органите и структурите на управување на Комората, а бројот на вакцини го определи српската Комора за секоја од коморите-членки на КИФ, нагласуваат за МИА од Стопанската комора на Северна Македонија.

Scroll to Top