Реконструкција на атмосферска мрежа на булеварот 8 Септември

пред 4 години

Екипите на ЈП Водовод и канализација Скопје извршија реконструкција на атмосферска мрежа со профил ф200 во должина од околу 70 метри на булеварот 8 Септември.

Со овој зафат се делуваше на подобрување на функционалноста на атмсферската мрежа и се овозможи нејзино непречено функционирање.

Потребата за изведба на реконструкцијата на атмосферската мрежа се јави по запушување на истата како резултат од испреплетување на корења. Во текот на активностите се поправени 7 сливници и старите салонитни цефки се заменети со нови пластични, се вели во соопштението.

Scroll to Top