Рестрикциите да останат исти, предлага Комисијата за заразни болести

пред 3 години

Комисијата за заразни болести на состанокот кој го одржа утринава, донесе предлог да останат на сила веќе постоечките рестриктивни мерки, потврдуваат од Министерството за здравство.

Забраната за движење на населението е од полноќ до 4:00 часот наутро, а угостителските објекти работат до 23:30 часот.

Предлогот за олабавување на мерките, беше донесен минатиот понеделник врз основа на епидемиолошката состојба, односно намалениот број на новозаразени и ослободувањето на поголем дел од болничките капацитети.

Scroll to Top