Речиси 1.300 Ковид-пациенти се лекуваат во македонските болници

пред 3 години

Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1296 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 818 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 76 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 70 болни, а во Куманово 118 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 128, во ковид центарот во Гостивар 71, а во Струга 43 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 36 пациент, во Кочани 18, во Кичево 20, Кавадарци 50, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 7 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Scroll to Top