Рудникот Саса ќе плати 100.000 евра за истекот на јаловина во Каменичка Река

пред 4 години

Министерството за животна средина и просторно планирање, во врска со истекувањето на јаловишен материјал од рудникот Саса во Каменичка Река, информира дека Државниот инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор. Согласно извештајот од направениот увид на водостопанскиот инспектор на ДИЖС во правното лице Рудник Саса направен е теренски увид со фотографирање и увид во документација. Притоа се констатира следното: Во раните утрински часови во 5.45 па се до 7.15 часот се случило испирање на јаловишен песок од 3.000 m3 од хидројаловиште бр.4, поради контактна филтрација во десниот бок. Овој материјал разлеан со вода од реката Каменица довел до заполнување на зафат на мала хидроелектрана и речното корито на реката притоа загадувајќи ја со јаловишен материјал од хидројаловиште бр.4. кое било и се гради од песок на хидроциклони со насипување во влажна состојба.

Извор: vecer.mk

Scroll to Top