Санкционирани 245 возачи во Скопје

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 245 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 23 за возење без возачка дозвола, 14 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 19 санкции за користење мобилен телефон, 11 за непочитување на првенство на минување, пет санкции за некористење сигурносен појас и 88 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top