Санкционирани 196 возачи во Скопје, 27 за управување со брзина поголема од дозволената

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изрече вкупно 196 мерки, од кои 27 за управување со брзина поголема од дозволената.

Покрај тоа, 20 возачи се казнети за возење без возачка дозвола, 10 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 14 за користење на мобилен телефон, пет за поминување црвено светло на семафор.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top