Санкционирани 287 возачи во Скопје, 30 без возачка, 20 под дејство на алкохол

пред 3 години

На територијата на град Скопје за 24 часа изречени се вкупно 287 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 30 санкции, 16 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 19 мерки за користење на мобилен телефон.

Од МВР информираат дека се изречени 20 санкции за возење под дејство на алкохол, 11 мерки за непочитување на брзина на движење, 10 за некористење на сигурносен појас, 11 за непрописно престројување на возила и 83 санкции за непрописно паркирање.

Полицијата најави дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Scroll to Top