Санкционирани 97 возачи во Центар

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во текот на вчерашниот ден во општина Центар е спроведена акциска контрола од областа на сообраќајот при што изречени се 97 мерки.

Санкционирани се 17 возачи без возачка дозвола, 9 возачи за некористење на сигурносен појас, шест за користење на мобилен телефон, пет кои возеле технички неисправни и нерегистрирани возила. Санкционирани се и шест возачи за непрописно паркирање.

Scroll to Top