Свадба со 200 гости во Арачиново, полицијата најави пријави

пред 4 години

Државниот пазарен инспекторат и полицијата растурија свадба во Арачиново со 200 гости и најавија кривични пријави за непочитување на мерките против коронавирусот.

Според информациите на МВР,  вчера околу 21 полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус, во угостителски објект во скопско Арачиново.

Во објектот се одржувала свадба, на која биле затекнати 200 лица. Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за непочитување на мерките во врска со Ковид-19.

Scroll to Top