Тепачка во кафеана во Илинден, едно лице со повреди пренесено во болница

пред 4 години

Доцна синоќа во угостителски објект во населбата Илинден имало нарушување на јавниот ред и мир, при што едно лице е повредено, а друго е приведено.

Од полицијата информираат дека  З.И.(42) од селото Марино со тврд предмет го удрил М.Т.(25) и истиот паднал во безсознание по што со возило на итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

По наредба на јавен обвинител З.И. е задржан во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

 

Scroll to Top